(ВИДЕО) Темелковски: Ќе ги реконструираме постоечките и ќе изградиме две нови градинки во Кисела Вода

Од:

Филип Темелковски, Кандидат за Градоначалник на Кисела Вода од коалицијата предводена од СДСМ денеска во изјава за медиумите соопшти дека планира сериозни инвестиции во градинките на територијата на општината и предвидува реконструкција на постоечките градинки и изградба на две нови.

– За нас е недозволиво помеѓу четиристотини и шестотини деца секоја година да чекаат да бидат запишани во градинките. За таа цел покрај реконструкцијата и зголемувањето на капацитетите на постоечките градинки планираме изградба на две нови градинки. Едната во населбата Расадник другата во населбата Драчево. Овие градинки ќе бидат во најнов европски стил што ги исполнуваат сите европски стандарди. Дополнително ќе бидат со енергетски и ефикасни фасади за да се заштеди на електрична енергија, рече Темелковски.

Градинките ќе бидат поделени во три дела, додаде Темелковски објаснувајќи дека првиот дел е за најмладите или за децата од јасли, вториот дел за постарите групи и административната зграда, а третиот дел за исхрана.

– Заедно со нутриционистите од територијата на Општина Кисела Вода ќе се подготвуваат најдобрите оброци за нашите најмлади. Сметаме дека најмладите на територија на општина Кисела Вода заслужуваат најдобро образование и најдобри инвестиции во нивната област, рече Темелковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ