СДСМ: Исплатата на минимална плата од 12 илјади денари е веќе во тек

Од:

„Лажни вести се информациите пласирани во дел од медиумите блиски до Никола Груевски, вистината е дека исплатата на минимална плата веќе е во тек.

Со ребалансот на Буџетот обезбедени се средства за покачување на минималната плата.

Министерството за финансии веќе ја извршува исплатата на државната помош кон фирмите кои имаат законска обврска да исплатат минимална плата од 12.000 денари на своите работници, на начин предвиден со последните измени на законот за минимална плата.

Тоа значи дека сите работници во Република Македонија, почнувајќи од септември кои работат за минимална плата, ќе добијат плата од 12.000 денари.

Ниту една тенденциозна лажна вест нема да го сокрие фактот дека за месец септември, работниците ќе добијат повисока минимална плата, а фирмите ќе ја добијат државната поддршка што им следува по закон“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеќири: Три месеци нема биолошката терапија за онколошките пациенти

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите

СДСМ: ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?

(ВИДЕО) Костова: Вработените во Култура понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

А1он