(ВИДЕО) Трпески промовираше три проекти на ВМРО-ДПМНЕ: Поволни услови за стекнување со дом, бесплатен оброк за ученици и отпис на доглови

Од:

Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција промовираше три проекти од ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од новата ера.

„Поволни услови за стекнување со дом, бесплатен оброк за деца од прво до петто одделение и отпис на долгови кај социјално ранливи категории на граѓани.

1.Проект: Стекнување на сопствен дом.

Овој проект е значаен посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Со овој проект, ќе овозможиме семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци.

Проектот ќе опфати:
• Обезбедување на локации и земјишта за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само 1 евро за квадратен метар.
• Општината ќе ги укине или намали трошоците за граѓаните за комуналии, на следниов начин:
– семејства со приход до 1 просечна нето плата ќе бидат – 100% или целосно ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани земјиштето ќе биде дадено бесплатно.
– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати ќе имаат 75% ослободување од комуналии
– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати ќе имаат – 50% ослободување од комуналии и
– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати – 25% ослободување од комуналии.

Општината ќе има обврска од сопствени средства да им обезбеди патна и комунална инфраструктура на граѓаните за овие локации.

Втората компонента на овој проект се однесува за надградба на постоечки куќи. Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналии да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите за намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа.

2.Втор Проект: Отпис на долгови за социјално загрозени семејства.

Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09.2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, и тоа:
• Приматели на социјална и постојана парична помош (околу 35.000 лица).
• Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица).
• Семејства коишто се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија.

Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозените семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој проект.

Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година!

3. Проект ќе овозможиме бесплатен здрав оброк за ученици од прво до петто одделение

Со овој проект, ќе обезбедиме секој ден бесплатен здрав оброк за сите деца од прво до петто одделение во училиштата во Република Македонија.

Придобивките од Проектот се повеќекратни:
• Децата добиваат секојдневно здрава храна, што е значајно за нивното здравје и за создавање на добри навики за користење на производи кои се корисни за нивниот раст и развој. Менито ќе биде подготвено во соработка со нутриционисти и прилагодено на возраста на децата.
• Се избегнува користењето на така наречена брза храна. Родителите се спокојни во однос на тоа со каков квалитет на храна се исхрануваат нивните деца.
• Директно се помага домашниот буџет на секое младо семејство кое има дечиња кои учат од прво до петто одделение. Родителите имаат заштеди од околу 600 денари месечно (за едно дете), или за една учебна година (9 месеци) вкупните заштеди се над 5.400 денари. Ако семејството има 2 деца на таа возраст, заштедите се двојно поголеми (околу 1.200 денари месечно, односно 10.800 денари годишно).

Во училиштата во кои е предвидена целодневна настава, родителите ќе имаат исто така значајно пониски трошоци во однос на сегашните, односно само ќе доплаќаат за вториот оброк во текот на денот, додека првиот оброк ќе биде бесплатен.

Согласно финансиските можности на општините, во текот на четиригодишниот мандат ќе работиме на тоа овој Проект да се прошири и на повисоките одделенија, односно до крајот на мандатот да ги опфати сите деца заклучно со осмо одделение.

Овие проекти гарантираат сигурност и стабилност за граѓаните, и обезбедуваат општ развој за Република Македонија. Со овие проекти парите од буџетот ќе завршат за граѓаните и нивната иднина, а не во приватните сметки и сметките на фирмите на Заеви и Анѓушеви.

Граѓаните пред себе имаат јасен избор, дали се за успешна Република Македонија и за реални мерки и дела или за лаги и манипулации. Граѓаните имаат јасен избор и на 15-ти октомври ќе им кажат не на СДС“ рече Трпески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”