Канидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија за општина Гази Баба, Борис Георгиевски по повод утрешното празнување на 11 Октомври, денот на народно ослободителното востание, денеска организираше акции на неколку локации на територијата на општината за чистење и уредување на просторот на спомен – обележјата на Методија Андонов Ченто и Стив Наумов.
– Со ова директно и недвосмислено сакаме да ја пратиме пораката кон граѓаните дека треба да се гордееме и да се грижиме за нашето наследство и да се поклониме на сите оние кои придонесоа за слободна Македонија. Спомен обележјата ќе бидат достоинствен пример за новите генерации, но и обврска за сите нас да ги зачуваме и со нив да се гордееме, рече Георгиевски.
Тој вети дека Гази Баба ќе биде пример за општина, која се грижи за сите и во која различностите ќе зближуваат, а почитта кон минатото, ќе не учи како да го одиме патот кон иднината.