„Граѓаните на општина Дебар заслужуваат да живеат во модерна и убава општина во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби.
Имаме јасна и прецизна визија, знаеме и можеме да го подобриме животот во Дебар. Нудиме перспектива за подобар живот, нудиме достоинство за секој еден жител на Дебар.
Јас и мојот тим силно ќе се залагаме за да обезбедиме подобар живот за нашите сограѓани преку изградба на квалитетна инфраструктура, подобро образование, заштита на животната средина, преку развој на спортскиот дух и урбанизација на општината. Тоа што го ветуваме, ќе си стоиме на зборот и ќе го исполниме.
Во продолжение ќе спомнам само дел од проекти од мојата програма:
Изградба на ТИРЗ зоната 2017/2018 година, со цел за создавање локална економија која ќе генерира создавање на нови работни места.
Уредување на паркот во населба Венец 1 со цел за подобрување на животната средина на жителите.
Изградба на нова Детска градинка, со цел опфаќање на поголем дел на деца од предучилишна возраст.
Уредување на градската депонија во Дебар со цел да се подобри хигиената во градот и еколошката загаденост во градот.
Проект за ревитализација на плажата околу Дебарското Езеро, со цел граѓаните на Општината поудобно да ги поминат летните денови и развој на туризмот во Општината 2018/2020 година.
Доуредување на Градскиот пазар во Дебар, со делот од паркингот со цел граѓаните да имаат подобар пристап до пазарот и патека пристапна за инвалидизирани лица.
Изградба на систем на водоснабдување на село Долно Косоврасти, кое има за цел трајно решавање на недостигот на вода за пиење 2017 декември.
Реконструкција на постоечката водоводна мрежа во село Могорче.
Реконструкција на постоечката водоводна мрежа во село Џепиште и Отишани, со цел трајно решавање на проблемот со вода за пиење 2018/2019.
Проект за изградба на училишна патека од Село Отишани до Основното училиште во село Џепиште, со цел да се подобри безбедноста на учениците и целосна реконструкција (замена на кров, прозори, подови, санитарии и сл.) на ООУ „Братство единство“ во с. Џепиште-Дебар.
И изградба на спортски полигон во село Џепиште-Дебар.
Програмата што ја нудиме е реална, остварлива и базирана исклучиво на потребите и барањата на жителите на Дебар“, изјави Драги Клопчевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Дебар.