(ВИДЕО) Богдановиќ: Ревизија и одговорност за „Скопје 2014“

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ Саша Богдановиќ најави детална ревизија на „Скопје 2014“ и дека ќе ја објави целата документација за проектот.

„Галиите, шмизлите, Прометеј и целиот криминален и налудничав проект „Скопје 2014“ ја одзема душата и убавината на централното градско подрачје. Се украдоа милионски суми од граѓаните за барок и стиропор.

Со енергична борба успеавме да спасиме да не никнат и Шпански скали, со новата власт во Скопје ќе се сопре и изградбата на Панорамското тркало. Се боревме и за Кејот и за зеленилото. Но власта продолжуваше со безумието.

Проектот за жал на центарци, на скопјани и на цела Македонија е целосно реализиран, но Општина Центар сè уште може да направи многу повеќе во однос на ова чувствително прашање што досега никогаш не е докрај расчистено.

Затоа ќе направиме детална и функционална ревизија со надлежните институци како на целиот проект, особено на тоа како брутално се спроведувале тендерите и набавките и деталните урбанистички планови што овозможија „Скопје 2014“ да биде најпознат архитектонски феномен во регионот, се разбира по лошо.

Поради тоа што станува збор за проект од јавен интерес, јас како градоначалник на Општина Центар ќе ја објавам целата документација за „Скопје 2014“. Од одговорност нема да биде поштеден никој“, изјави Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ