Можно е Трамп да ја посети демитилизираната зона меѓу двете земји на Корејскиот Полуостров

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп можно е да ја посети демитилизираната зона меѓу Јужна и Северна Кореја, во рамките на посетата на Сеул, што е планирана за следниот месец, соопшти воен извор.

Кон крајот на септември Белата куќа испратила во Јужна Кореја експерти, кои направиле проверка на местата кои ќе ги посети Трамп, јави Јонхап.

Експертите на САД го провериле и местото Панмунџом и контролниот пункт „Оулет“, што се наоѓаат на границата меѓу двете земји.

Можно е претседателот на САД да посети и некој од граничните острови во Жолтото Море.

Се очекува Трамп да и испрати силна порака на Северна Кореја за време на посетата во Јужна Кореја.

Според непотврдени информации, се планира турнејата на Трамп низ Источна Азија да започне на 2 ноември, при што тој веројатно ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот