Завршна конференција за твининг проектот „Понатамошно зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за програмскиот период 2014-2020“ ќе се одржи денеска во Скопје.
Конференцијата ја организираат Делегацијата на Европската унија во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Агенцијата за претприемништво на Холандија (НЕА).
Ќе ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а обраќања ќе имаат и амбасдорот на Република Словенија Милан Јазбец, Вирве Вимпари од Делегацијата на ЕУ, Андри Ван Менс од амбасадата на Кралството Холандија и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.
Проектот „Понатамошно зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за програмскиот период 2014-2020“ е финансиран од Европската унија.