(ВИДЕО) Темелковски: Недозволиво е во Кисела Вода да нема пристап до чиста вода и се уште да има септички јами

Од:

Филип Темелковски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода од коалицијата предводена од СДСМ изјави дека е недозволиво на два километри од Скопје да има септички јами и голем дел од општина Кисела Вода да нема пристап до чиста вода.

– Затоа нашите проекти се насочени првично према тоа, да ја направиме Општина Кисела Вода модерно и урбано место за живеење, убаво место за живеење. Мораме да го смениме начинот на функционирање на нашата општина. Дека нема да се прави од канцелариите на Борис Трајковски туку ке се прави од месните заедници. Се што ќе се прави во Општината ќе се прави заедно со граѓаните преку месните заедници. За решавање на проблемите на микро средина каде што сме денеска дојдени, ќе доаѓаме и после 15 Октомври, но тогаш, како Градоначалник, за да ги одредиме конкретните потреби на нашите сограѓани, рече Темелковски.

Борис Тунџев објасни дека еден од приоритетите е измена на законот со кој ќе се реши системски проблемот, не за поединци не за некој кој што има одредена партиска книшка туку во глобала целиот проблем за Драчево да биде надминат.

– Ние веќе подготвуваме и е во тек подготовката на измените во законот, се надевам дека веднаш после изборите ќе отиде во собрание за системски решавање на проблемот со вашите имоти, рече Тунџев.

Министрот Горан Сугаревски додаде дека го поддржува Филип Темелковски и дека нема апсолутно никаква дилема дека Коалицијата предводена од СДСМ ќе победи убедливо на овие избори.

– Ние мора да добиеме шанса, ние бараме шанса од вас. За да не биде исто како што е. Ако остане локалната самоуправа од ВМРО исто ќе биде. Сега бевме на други локации еден кружен тек го правеле три години. Кружен тек три години да се прави. Сакам да отвориме малку расправа тука не мора да биде само со прашања може да биде со дебата, сугерирајте, кажете со сугестии програмата не е како што е само напишана и токму таму и да се прошири ама најбитно од се овие исти луѓе да идат да идеме тука за да не биде само за избори и после тоа четири години пак ќе дојдат избори пак ќе треба да се дојде да се каже, ни еден нема да биде тука, рече Сугаревски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните