Во Битола првото бебе во 2013 година е машко

Од:

Првиот жител во новата 2013 година во Битола е машко бебе кое се роди 30 минути по полноќ, првороденче на мајката Моника Унчевска, која потврди дека во семејството одлучиле бебето да се вика Илијан.

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески традиционално денеска го посети одделението за неонатологија во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ и им врачи подароци на родителите на шест новороденчиња во овој град.

Талески освен пригодни подароци за новороденчињата, промовираше и донација ЦТГ-апарат од локалната самоуправа за одделението за неонатологија.

– Радоста е голема бидејќи во новогодишната ноќ се родија две момчиња и четирите девојчиња. Иако немаме надлежности во овој дел на здравството, сепак како општина секогаш помагаме и затоа дониравме апарат за следење на феталната срцева фрекфенција и утерините контракции, односно апарат за внимателно следење на мајката пред пораѓање и тоа во голема мера им помага на лекарите. Веруваме дека бројот на новороденчиња ќе се зголемува, рече меѓудругото градоначалникот Талески.

Во Клиничка болница во 2012 година регистрирани се 1.208 новороденчиња, и тој број е помал споредено со 2011 година кога во Клиничка болница-Битола биле родени 1.343 бебиња.

Градоначалникот Владимир Талески оствари средба и со дежурниот тим во одделението на ургентна медицина каде во текот на ноќта биле регистрирани 60 лекарски прегледи, што претставува значително намалување на бројот на интервенции споредено со минатите години.

Во текот на ноќта биле регистрирани две повреди на шака предизвикани од петарди, 3 лица побарале помош заради прекумерно користење алкохол, најголем дел од пријавените биле со мачнини во стомакот заради прехранување, а две лица заради потешки здравствени проблеми биле транспортирани на клиниките во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски