Честитка од Заев по повод јубилејот – 50 години од основањето на МАНУ

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска упати писмо со честитки до Македонската академија на науките и уметностите по повод 50- годишнината од основањето на МАНУ.

– Измина една значајна етапа од досегашниот развој и работа на МАНУ. Како и сите други институции во Република Македонија, така и МАНУ беше дел од искушенијата и успесите што беа исправени како предизвици што ги носеше времето и развојот на нашата земја, пишува премиерот во честитката.

Во честитката до претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, премиерот Заев, од свое лично име, и во име на Владата на Република Македонија, изразува уверување дека МАНУ ја има целосната поддршка за реализација на својата визија, Академијата да биде активен чинител во активностите Република Македонија да биде општество базирано на науката и знаењето, како една од најзначајните претпоставки за вкупниот развој на нашата земја.

– Од МАНУ се очекува и во годините и децениите што следуваат, континуирано да работи на својата мисија и на својата визија, односно да даде целосен придонес во вклучувањето на науката и уметноста што се создаваат во Република Македонија, во модерните европски и светски текови на овие важни сфери на човековиот дух и цивилизациско опстојување, како и активно да учествува во стратегиите за развој на земјата, секогаш имајќи го предвид мултикултурниот концепт на нашето општество, се наведува во честитката од Заев, по повод јубилејот – 50 години од основањето на МАНУ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“