Никој повеќе нема да ја злоупотребува маката и потта на земјоделците, субвенциите нема да се делат селективно, а ќе одат во рацете на вистинските земјоделци порача денеска на прес-конференција Горан Трајковски, кандидат за градоначалник на Делчево од СДСМ.
– Секојднево јас и моите тимови сме на терен, слушаме за манипулациите со исплаќањето на субвенциите, неисплатени или исплатени селективно, исплаќани на луѓе, кои и не знаат што е земјоделие, но се во врвот на ДПМНЕ. За кратко вреќе колку што е СДСМ на власт, работите се сменија. Исплатени се неселективно, 70 милиони евра субвенции во државава, а на делчевските земјоделци се исплатени 60 милиони денари. Владата на СДСМ доделува еднократна финансиска помош до 10.000 евра за млади земјоделци. Исто така, сакам да ве информирам дека Владата преку Минситерството за земјоделство наскоро ќе започне со исплата на штетите од пролетните мразеви за 2016 и за 2017 година, порача Трајковски.
Тој истакна дека како идна одговорна локална власт ќе се грижат земјоделците да добиваат вистинска и навремена информација за проектите, кои ќе можат да им ја олеснат работата на земјоделците и ќе бидат линк со централната власт, бидјеќи нивна цел е да се издигне земјоделството на ниво кое ќе донесе задоволни земјоделци и богато село.