(ВИДЕО) Антовски: Марин и СДС ги рекетираат фирмите низ државата

Од:

„Златко Марин и СДС ги рекетираат фирмите низ државата и земаат илјадници евра од стопанствениците со ветување дека ќе бидат поштедени од контролите на државните инспекторати.

Скандал од најголеми размери е документот објавен во медиумите, потпишан лично од Златко Марин, а адресиран до ОО на СДС во Аеродром во кој се наведени голем број на фирми кои биле изрекетирани од Марин, принудени да дадат илјадници евра за кампањата на СДС и Марин.

Дополнително скандалозен е фактот што за рекетирањето на фирмите како што се наведува во документот било запознаено целото партиско раководство на СДС. Тоа значи дека Зоран Заев е целосно свесен за рекетот кој го врши Марин низ Аеродром и го одобрува истото.

Раскалашеноста на СДС и Марин одела дотаму што земале рекет и во кеш, и во материјали, но и како отворена сметка во неколку кафеани, како што стои во документот објавен во медиумите.

И сето тоа со ветување дека по изборите истите ќе бидат поштедени од државните инспекторати, како што пишуваат медиумите.

Фрапантни се ифнормациите објавени во медиумите според кои рекетот врз фирмите е типичен пример за функционирањето на СДС во сите општини во Република Македонија.

Фирмите кои се наведени во документот потпишан од Марин, не се наведени во листата на донатори на партијата, што значи дека истите се дел од црниот фонд на СДС и не се пријавени во извештајот на партијата до Државниот завод за ревизија.

Граѓаните се прашуваат колку фирми се изрекетирани од страна на функционерите на СДС? Колку илјадници евра непријавени пари се слеани во кампањата на СДС?

Граѓаните и фирмите се под притисок на раскалашената власт на СДС. На граѓаните и на фирмите им е преку глава да бидат заложници на рекетирање и обврската да плаќаат во црните фондови на партијата.

Граѓаните ќе му стават крај на раскалашеноста на СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, изјави Пане Антовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски