Кавадарчани сакаат промени, таков е мојот впечаток по средбите со нив во изминатиов период, рече денеска на прес-конференција Борис Давидов, независен кандидат за градоначалник на Кавадарци.
– Постојано зборувам како да се обединиме, да се хармонизираме. Како да направиме позитивна енергија. Бидејќи јас навистина верувам дека можеме, затоа што имаме ресурси, заедно со најважниот и одлучувачки ресурс, луѓето. Да ги надминеме омразата и предрасудите. Да го направиме Кавадарци убаво место за живеење, но и просперитетно, нагласи Давидов, осврнувајќи се повторно и на развојот на малото стопанство како важен сегмент во општината.
Тој додаде дека проблемот е во неработењето на кавадаречката чаршија, а во отсуство на пари, луѓето кубурат во животот. Изрази надеж за подобра иднина и подготвеност за вложување себеси со цел посветло утре за Кавадарци.