Кандидатот за градоначалник на Кочани од СДСМ и коалицијата „Живот во Македонија“ Николчо Илијев, денеска оствари средба со пензионерите на Кочани. На средбата тој ја презентираше изборната програма за Кочани во која достојно место има и решавањето на проблемите за луѓето од третата доба.
– Покрај решавањето на потребите од комунална и социјална сфера, ќе се зафатиме со решавање на суштествените проблеми кои ги мачат пензионерите, подобро здравство, како и услови за одмор и рекреација во своите средини, рече тој.
За таа цел најави отворање пензионерски клубови во повеќе места во општината, каде што, како што кажа, пензионерите ќе престојуваат, ќе се дружат и ќе го поминуваат своето слободно време. – Воедно на повеќе места во градот ќе изградиме паркови за одмор и рекерација на пензионерите, истакна Илијев.
Илијев истакна оти во неговата програма се планира и изградба на пензионерски дом. – Во соработка со централната власт ќе направиме се да започне изградбата на пензионерскиот дом во Кочани што ќе има регионално значење, затоа што пензионерите заслужуваат Кочани да има дом за стари лица, рече Илијев.