Минатата година најсмртоносна за новинарите

Од:

Меѓународната федерација на новинарите (ИФЈ) соопшти дека 2012 година била најсмртоносна за новинарите и медиумските работници, во која загинале најмалку 120 лица.

Федерацијата предупреди дека овој биланс е последица на систематските грешки на владите во ОН и нивната неможност да ги исполнат меѓународните обврски и да го заштитат основното животно право на новинарите.

– Бројот на жртвите во 2012 година е уште еден показател дека владите кои ги плаќаат службите за заштита на новинарите никако не успеваат да ги спречат нивните убиства. Нема сомнеж дека овој огромен биланс на убиени новинари стана постојаност во текот на последната деценија, во која владите во ОН повремено издаваа соопштенија во кои тоа го осудуваа, но во суштина беа рамнодушни, изјави претседателот на ИФЈ Џим Бумелха.

Според последните податоци на Федарцијата, 121 новинар и претставник на медиумите ги загубиле животите во судири, бомбашки напади и вооружени пресметки во текот на минатата година.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on