(ВИДЕО) Георгиевски: Да ги подржиме промените кои носат живот во Гази Баба за сите

Од:

Изминатиот период ги посетив сите населени места во Гази Баба, разговарав со многу граѓани и ги споделивме проблемите кои ќе ги решава идната локална власт. Се обврзавме дека транспарентно и одговорно ќе работиме и дека ќе го слушаме гласот и потребите на граѓаните, истакна денеска кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба Борис Георгиевски.

Локалната власт во заминување, потенцира тој, изминатите 10 години се водела единствено од личните интереси и ги реализирала единствено сопствените цели.

– Дојде време ова сивило да го промениме. Дојде време рамо до рамо да застанеме заедно со граѓаните и да ги донесеме промените. Време е промените кои се случија на централно ниво, да ги заокружиме и во нашата општина. Да создадеме една модерна, напредна и успешна општина во која ќе го подобриме квалитетот на живот на секој граѓанин, рече Георгиевски.

Ги повика граѓаните на општина Гази Баба во недела заедно да одлучат за промени. Да ги поддржиме промените, истакна тој, и да донесеме живот во општината.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски