Општина Неготино ги има сите предуслови да ја направиме уште подобро и уште подостоинствено место за живеење, за подобро утре на сите нас, со што видно ќе се подобри квалитетот на живеење на сите граѓани во општината, рече кандидатот за градоначалник на Неготино од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Златко Пенков.
Тој се осврна и на два од проектите за чие реализирање се залага.
– Поради зголемениот број работни места во последниве години, благодарение на раздвижувањето на пазарот на работна сила и инвестициите во земјата, повеќе од видлива е потребата за зголемување на капацитетите на детската градинка во Неготино. Затоа ќе ги зголемиме капацитетите на детската градинка и ќе создадеме услови сите дечиња да бидат згрижени и повеќе да нема листи на чекање, нагласи Пенков.
Спортувањето и рекреацијата, додаде, стануваат дел од секојдневното живеење на граѓаните на општина Неготино.
– Затоа ќе се реконструира Градскиот стадион Неготино и СРЦ „Младост“, се со цел понатамошен развој на спортот и други рекреативни содржини во Неготино, најави тој.