(ВИДЕО) Дамчески: Да ја направиме општина Крушево уште поубаво место за живеење, општина каква што сакаме и заслужуваме

Од:

„Граѓаните на Општина Крушево, заслужуваат да живеат во модерна, просперитетна и економски развиена општина во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби.

Програмата што ја нудиме е реална, остварлива, изработена во непосредна соработка со граѓаните водејќи сметка за нивните потреби, барања и приоритети, нејзината реализација ќе донесе подобар живот и економски препород на општина Крушево.

Ќе презентирам само дел од предвидените проекти во нашата изборна програма.

1. Развојот на економијата беше и останува наш најзначаен приоритет. Ќе изградиме инфраструктура во индрустриската зона „Опаленик“ преку изградба на атмосферска и фекална канализација со пречистителна станица во должина од 1км до Крушевска река.

2. Со реализација на проектот за зафаќање на дополнителни извори на вода од Бушова Планина со издашност од 5л/с, еднаш засекогаш ќе го решиме проблемот со водоснабдување во Крушево по природен пат.

3.Ќе продолжиме со реконструкција на секундарната водоводна мрежа во градот, со цел намалување на загубите на вода.

4. Во Крушево ќе изградиме нова спортска сала со стандардни димензии до веќе постоечката.

5.Ќе изградиме атмосферска и фекална канализација во с. Норово, с. Свето Митрани и с. Бучин.

6. Ќе го реконструираме регионалниот пат Кривогаштани – Крушево во должина од 18км.

7. Нов асфалт и реконструкција на регионалниот пат Стопанство – с. Алданци – с. Норово.

8. Ќе го изградиме локалниот пат Борино – Житоше во должина од 2км.

9. Со цел подобрување на условите во образованието, ќе извршиме комплетна реконструкција на училишната зграда и доградба на две училници во с. Саждево.

10. Ќе извршиме комплетна реконструкција на спортската сала „Војвода Ѓорги Стојанов“ во рамките на проектот „Кругот на адреналинот- развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“, со изградба на bouldering ѕид и поставување на киосци за продажба на сувенири на Гумење.

11. За подобрување на водоснабдувањето ќе изградиме цевковод од регионалниот водовод Студенчица до с. Саждево со можност за приклучок и на с. Јакреново како и резервоари за вода во с. Борино и с. Белушино.

12. Ќе изградиме 3 спортски терени во с. Свето Митрани, Алданци и Саждево.

13.Ќе извршиме асфалтирање на улици со должина од по 1км во Саждево и Алданци.

Ние имаме визија и подготвен план кој ќе донесе просперитет на нашата општина. Нашиот тим знае како до реализација на овие проекти.

Го трасиравме вистинскиот пат за економски препород на нашата општина.

Заедно со Вас, посветено и неуморно продолжуваме да работиме за да ја направиме општина Крушево уште поубаво место за живеење, општина каква што сакаме и заслужуваме“, изјави Ѓорѓи Дамчески, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Крушево.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ