(ВИДЕО) Лазов: Гласајќи за реден број 13 ќе помогнете да се реализираат проекти за кои ќе служат за сите вас

Од:

„Почитувани граѓани на општина Росоман, она што е одлика на сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ е трудољубивоста истрајноста и исполнителноста да се реализира се, од она што ќе се вети во нашите програми за наредниот четири годишен мандат.

Денес ќе преставам само дел од проектите кои се во програмата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, за општина Росоман.

1. Нова училница и нова енергетска фасада на ООУ „Пере Тошев“ во Росоман.

2. Изградба на музеј на виното и библиотека во Росоман – средство се веќе обезбедени и ова ќе биде прв музеј на виното во регионот.

3. Асфалтирање на локалниот пат Манастирец-Трстеник – прва фаза е во тек односно веќе се пробива и се гради овој пат, а ќе го скрати патувањето на жителите на с. Трстеник до Кавадарци за 5-7 км. Исто така ќе овозможи да се реновира и постоечкиот мост, бидејќи без пристап до Трстеник не може да се реновира мостот

4. Асфалтирање и реконструкција на преостанатите улици во цела општина Росоман или во должина од 5 километри.

5. Изградба на тротоари во целата општина – ќе се продолжи со изградба на тротоарите секаде каде што дозволува ширината на улицата.

6. Уредување на централното подрачје во Росоман (средсело) и Сирково – во Росоман ќе се уредат централното подрачје викано средсело со убав и модерен изглед,кое ќе се осветли, исто така и во с. Сирково.

7. Поправки на полски патишта во повеќе атари – ќе се продолжи со поправки на полските патишта со тампонирање и одводнување на водите кои се јавуваат по нив.

8. Доградба и проширување на детската градинка – во новиот мандат ќе се догради нов дел за прифаќање на сите дечиња кои чекаат за престој.

9. Каптажа и нов цевковод во Сирково – бидејќи овој извор е многу одамна направен и има загуби во вода ќе се изгради нова каптажа како и нов цевковод до резервоарот за подобро снабдување со вода.

10. Изградба на дел од атмосферска канализација.

11. Изградба на соблекувална на ФК. Трстеник и ФК Манастирец.

12. Изградба на дом на културата во Росоман.

13. Изградба на простор за целодневен престој на пензионери – за пензионерите ќе се опреми просторија за целодневно дружење.

14. Донесување на урбанистички план за Росоман. Најважниот документ за доуредување на Росоман е изработката на нов урбанистички план за Росоман со што ќе се олесни добивањето дозволи за градби.

15. Реконструкција на уличното осветлување во сите населени места.

Во целата општина ќе се сменат уличните светилки со нови исти или слични како на главната улица.

Почитувани, проектите од нашата програма ќе решат многу проблеми на жителите на нашата општина.

Тоа се реално остварливи проекти кои ќе го променат ликот на нашите села но и на целата општина Росоман.

Вие гласајќи за реден број 13 односно за мене како ваш градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и за листата на советници ќе помогнете да се реализираат овие проекти кои ќе служат за сите вас“, изјави Стојанче Лазов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Росоман.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ