(ВИДЕО) Андоновска: Наумоски призна дека не планира да го реализира тоа што го ветува

Од:

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција рече дека кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСМ јавно признал дека не планира да го реализира тоа што го ветува.

– Наумовски е класичен пример за политичар од СДС. Го ветува она што знае и самиот дека не може да го реализира. Со тоа Наумоски докажа дека за се што зборува, лаже исто како неговиот шеф Зоран Заев. Наумоски јавно призна дека лаже во кампањата и нема намера да го оствари тоа што го ветува во Ѓорче Петров. Целата македонска јавност виде и слушна дека Александар Наумоски во изборната кампања всушност свесно ги лаже своите сограѓани Ѓорчевци. Наумовски на една од гостувањето на националните телевизии јавно пред цела јавност призна дека тој е само производ кој што сега за време на избори како кандидат за градоначалник се продава, рече Андоновска.

Таа додаде дека жителите на Ѓорче Петров виделе дека Наумоски е човек на кого не може да му се верува, бидејќи целата негова програма е нереална и неостварлива, а тоа што го нуди е само предизборен маркетинг со цел да се продаде за што е можно повеќе гласови, па откако би станал градоначалник тоа нема да го реализира.

– Тој продава ветар и магла. Граѓаните на општина Ѓорче Петров заслужуваат човек кој ќе работи за нивните потреби и интереси, човек на кој што може да му се верува и што ќе може да реализира проекти за нивен подобар и поквалитетен живот. Затоа, Ѓорчевци на 15-ти октомври ќе го казнат Александар Наумоски и СДС за сите лаги и манипулации. Ѓорчевци нема да дозволат неспособноста на СДС и Заев да се отслика и врз општина Ѓорче Петров, рече Андоновска.

Би можело да ве интересира

Криминалот на Филипче секој го гледал, а Јавното обвинителство упорно молчи и го штити, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто