(ВИДЕО) Георгиевски: Граѓаните ќе бидат вклучени во носењето на буџетот и транспарентно известувани за неговото трошење

Од:

Борис Георгиевски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба од коалицијата предводена од СДСМ денеска во изјава за медиумите рече дека граѓаните се исправени пред историска одлука, која ќе го промени изгледот, духот и начинот на функционирање на општина Гази Баба.

– Нашата општина во изминатите години беше маргинализирана, уназадена и само место за реализација на интересите на локалната власт во заминување. Се обврзавме дека тој амбиент ќе го промениме и дека ќе создадеме општина за пример, отворена и услужна за секого. Општина во која на прво место ќе бидат интересите и потребите на секој граѓанин. Ќе ги вклучиме граѓаните во поставувањето на приоритетите при носењето на општинскиот буџет и транспарентно ќе известуваме за трошењето на истиот, рече Георгиевски.

Тој најави отворени денови во кои тој, како иден градоначалник ќе го посетува секое населено место и ќе биде отворен за секој предлог, сугестија или критика од граѓаните.

– Новата локална самоуправа ќе биде отворена за да може секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и евтини услуги на едно место. Ќе го вратиме функционирањето на месните и урбаните заедници кои ќе бидат основната клетка во нашата општина и преку нив ќе ја извршуваме нашата основна задача – да им служиме на граѓаните. Почитувани, јас и мојот тим одговорно стоиме пред вас и се обврзуваме дека ќе изградиме една нова Гази Баба. Гази Баба која ќе биде пример за останатите. Општина во која ќе има подеднакви можности и услуги за сите без разлика на партиска, етничка или религиозна припадност. Општина која отворено ќе им припаѓа на граѓаните, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати