Димитров за АНА-МПА: Ќе сториме се што можеме за да го решиме прашањето за името со Грција

Од:

Скопје ќе стори се што може за да го реши прашањето за името на земјата со Грција, изјавил македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров за грчката државна новинска агенција АНА МПА по завршувањето на дводневниот втор министерски состанокот на Грција, Албанија, Бугарија и Македонија во Солун.

Како што јави агенцијата, одговарајќи на прашањето дали може да види решение за проблемот во блиска иднина, Димитров рекол:

– Денеска сакам да останам на „големата слика“. Со цел да го решиме прашањето за името – и ние се разбира ќе направиме најдобро што можеме за да го решиме – важно е да се создаде позитивна рамка и да излеземе од браздите на историјата, бидејќи не можеме да ја промениме нашата историја, но можеме да влијаеме на нашата иднина, и оваа иднина ќе биде и заедничка и европска. Важно е да се инвестира во оваа насока. Ако постои национален интерес заеднички за сите земји, вклучувајќи ги и нашите, тоа е како да се направи најдобро за иднината на нашите граѓани. Ние сме на вистинскиот пат.

Шефот на македонската дипломатија вчера и завчера во Солун учествуваше на министерска средба со колегите од Грција, Албанија и Бугарија на која се дискутираше генерално за ситуацијата на Балканот, односите меѓу земјите, како на мултилатерлано, така и на билатерално ниво, како и за многу аспекти од соработкта меѓу нив.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани