Мултинационалната коалиција предводена од Саудиска Арабија е вклучена на списокот на ОН на оние кои ги убиваат или осакатуваат децата во војната во Јемен.
Во текстот се наведува дека во акциите на Коалицијата во 2016 година убиеи се 683 убиени деца односно дека Колицијата извршила 38 напади врз училишта и болници во Јемен.
На листата се и владините сили на Јемен, поддржани од коалицијата и бунтовничкото движење Хути.
Коалицијата негира дека намерно ги напаѓа цивилите или инфраструктурата.
– Повеќе од 8.530 луѓе, од кои 60 отсто цивили, се убиени, а 48.000 се повредени во воздушните напади и борбите на терен од март 2015 година, наведува ОН.
Владините сили на Јемен, бунтовниците Хути и џихадистичката група Ал Каеда на Арапскиот Полуостров веќе втора година по ред се на списокот.