Марин: Изградба на градинки, игралишта, мерки за намалување на загаденоста…

Од:

Изградба на детска градинка, игралиште за деца, проширување на улица „41“ и сообраќајна сигнализација на сите улици/булевар во населбата, субвенционирање за набавка на печки за греење на еколошки горива се дел од мерките што ги ветија Златко Марин, кандидатот за градоначалник на општина Аеродром и Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник на Град Скопје на СДСМ и Коалицијата, денеска на средби со локалните жители од населба Лисиче.

Посочија дека во соработка со Град Скопје ќе се овозможи подобар квалитет на живот во населба Лисиче, а како дел од предизборната програма за населба Лисиче меѓу мерките кои се предвидени во изборната програма се и субвенции за ископ на бунари или мотори за наводнување, комунален ред и хигиена на високо ниво, поставување контејнери ‒ надземни и подземни по европски стандарди и контејнери за селективен отпад, комунален ред и хигиена на високо ниво, формирање на општинско комунално претпријатие.

Марин ветува и реконструкција на сервисните улици и атмосферската канализација во населбата. Санација и редовно чистење на Усјанскиот канал во соработка со Град Скопје, обнова на системот за водоснабдување во соработка со Град Скопје, како и мерки за намалување на загаденоста.

– Со вашата поддршка на 15 октомври овие проекти ќе бидат реализирани, не само ветени. Граѓаните на населбата Лисиче наскоро ќе ја заборават сегашната слика на запоставен дел од општината. Новата локална власт ќе се залага за еднаков раст и развој во општината, за сите, рече Марин.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје