(ВИДЕО) Арсовски: Kриминалните структури на СДС се активирани на терен и вршат уцени врз гласачите во Рановце

Од:

„Фрапантни и скандалозни се фотографиите кои излегоа по социјалните мрежи, каде јасно се гледа како членови на Социјалдемократскиот сојуз од Ранковце облечени во нивни партиски маици со партиски обележја се фотографираат со куп пари распослани пред нив.

Со оглед на тоа дека досега се случија редица на скандали и темни дамки во изборната кампања, насилие и криминогени активности на структури на Социјалдемократскиот сојуз, јавно го повикуваме да одговорат:

Дали ова се пари со кои Социјалдемократскиот сојуз поткупува гласови кај социјално ранливите категории на граѓани?

Дали е точно дека криминалните структури на Социјалдемократскиот сојуз се активирани на терен да вршат уцени, поткупувања и заплашувања.

Од каде им толку многу пари на овие млади партиски активисти?

Дали Социјалдемократскиот сојуз со црни пари, спрема изборен поткуп од невидени размери во цела Република Македонија?

Кое е потеклото на овие пари?

Ја повикуваме финансиската полиција, УЈП предводена од шарената платеничка Луковска, и Министерството за внатрешни работи раководено од партискиот министер Спасовски веднаш да го испитаат целиот случај?

Во спротивно ќе сметаме дека тие се соучесници во овој криминален слуцај на потплаќање на гласачи.

Очигледна е нервозата од поразот но одговорност ќе има и таа порано или подоцна ќе дојде“, изјави Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус