Репрезентацијата на Македонија денеска претпладне тренираше на „Олимпискиот Стадион“ во Торино, каде што утре ќе се сретне со Италија во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2018.
Во добра атмосфера репрезентативците ги изработија последните подготовки пред натпреварот со четирикратниот светски првак.
Попладне од 17:00 часот следува официјалната прес-конференција на која ќе присуствуваат селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев.
Средбата Италија – Македонија се игра утревечер со почеток од 20 часот и 45 минути.