Симоновски: Нова ера за Ранковце со над 50 проекти

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Ранковце од Коалицијата предводена до ВМРО-ДПМНЕ, Роберт Симоновски денеска информираше дека со партиската изборна програмата во оваа општина се предвидени 50-тина проекти, инфраструктурни, за развој на туризмот, за подобрување на прекуграничната соработка и искористување на европските фондови.

– Од проектите 15-тина се приоритетни, а се однесуваат на изградба на водоводен систем во село Псача, регулација на Потрчин дол во село Петралица, регулација на Гиновски дол до шумското стопанство, регулација на Ранковачка Река, во реонот на местото викано Ромско маало, како и изградба на канализациска мрежа во селата Опила и Љубинци, кои се двете единствени села во општината каде сеуште нема канализација, рече Симоновски.

Тој најави и подобрување на канализациската мрежа во Ранковце и изградба на нова, а како што потенцираше, планирано е и продажба на 24 градежни парцели од слободната општинска индустриска зона во Криво Крушче, за да се овозможи изградба на капацитети и вработување на граѓаните.

Симоновски воедно апелира за активности во мирна и фер изборна кампања.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори