Почина Алит Абази кој беше застрелан во Кичево

Од:

Алит Абази, носител на независна кандидатска листа за локалните избори во Кичево, кој беше застрелан на 27 септември, рано изутрината почина од здобиените повреди на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување.

Од Клиниката за МИА потврдија дека и покрај сите напори на лекарскиот тим, Абази утрината околу 4 часот им подлегнал на повредите.

Абази заедно со уште две лица беше застрелан на 27 септември на булеварот „Слобода“ во центарот на Кичево. Во нив со пиштол пукаше кичевецот Абдула А.

Полицијата веднаш по инцидентот го приведе напаѓачот, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор од 30 дена. Според досегашните сознанија, нападот немал политичка заднина, туку мотивот биле меѓусебни нерасчистени недоразбирања за кои се водела и судска постапка.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски