Вкусно, здраво и едноставно слатко задоволство …
Потребно е:
2 банани
1 крушка
40 гр мелени ореви
40 гр мелени лешници
40 гр мелени бадеми
200 мл сок од портокал
50 гр мелен рогач
цимет во прав, за посипување
вишни (може и замрзнати)
Подготовка:
– Бананите излупете ги и исечете ги на тркалца. И крушката исечете ја на помали парчиња.
– Во еден подлабок сад ставете ги бананите и крушката и испасирајте ги.
– Потоа додадете ги оревите, лешниците, бадемите, сокот од портокал, мелениот рогач и убаво измешајте со лажица.
– Добиената смеса распоредете ја во помали садови за сервирање, одозгора посипете со цимет во прав, ставете по неколку вишни и послужете.