ВИДЕО: Новогодишно обраќање на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев

Од:

Со желба за мир, љубов и благосостојба, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев им ја честита новата 2013 година на струмичани.

Во своето последно обраќање до граѓаните во оваа година, Заев се осврна на позначајните настани кои оставија белег во годината што одминува.

– Заеднички ќе се сеќаваме дека во оваа година Струмица стана првата гасифицирана општина во Македонија. Заеднички ја започнавме изградбата на најголемиот божји храм во државата посветен на Успение на мајка Богородица, дека со пиетет го одбележавме јубилејот 1650 години од погибието на Светите 15 тивериополски свештеномаченици, заштитници на нашиот град и дека бевме свидетели на првиот гранадиозен културно-забавен проект „Струмица опен фест“, рече Заев.

Тој потсети оти одбојкарите на Струмица се закитија со двојна круна, освојувајќи го шампионатот и Купот на Македонија. Но, додаде, дека, 2012 година ќе ја паметат и по загубата на четворицата нивни сограѓани, кои во својот хероизам во борбата со огнената стихија за спас на Струмица ги загубија своите животи.

Во новогодишната честитка тој им посака на граѓаните од општината во Новата година, среќа, успех, добро здравје, спокој во душите, лична среќа, економска стабилност, семејна хармонија и разбирање. – Нека 2013 година биде ваша година за ваши незаборавни радости и достигнувања, порача Заев.

Би можело да ве интересира

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана