Џафери се сретна со министерот за надворешни работи на Луксембург Аселборн

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство на Луксембург Жан Аселборн.

На денешната средба, како што информира собраниската прес-служба, Џафери ги потенцирал отворените и пријателски односи меѓу двете држави и ја нагласил потребата овие релации во иднина да зајакнуваат и да се интензивираат.

Џафери искажал благодарност до својот гостин за досегашната поддршка што ѝ ја дава Луксембург на Република Македонија на нејзиниот евроатлански пат, како и за поддршката кон земјите од целиот регион на Западниот Балкан. Тој ја потенцирал важноста на зајакнување на парламентарната соработка со Луксембург, како и потребата од интензивирање на севкупната соработка на сите нивоа.

Претседателот на Собранието на Република Македонија посебен акцент ставил на нашата подготвеност како држава да извлечеме поука од политичката криза и она што се случи на 27 април и го изразил своето уверување дека институциите имаат капацитет да ја овозможат правната разврска на овие, како што се наведува, несакани настани.

– Република Македонија ќе продолжи да опстојува на определбата кон НАТО и ЕУ и како претседател на Собранието ќе дадам свој придонес да одиме напред и да не се враќаме на минатото, нагласил Џафери.

Министерот за надворешни работи на Луксембург Аселборн изразил задоволство и благодарност од средбата со Џафери и му оддал признание за неговото досегашно успешно раководење со парламентот. Нагласил дека го видел и почувствувал ентузијазмот на новата македонска влада и изразил поддршка да се продолжи по тој пат.

Аселборн го потенцирал значењето на европските вредности, како што се владеењето на правото и слободата на медиумите. Го поддржал потпишувањето на договорот со Република Бугарија како позитивен чекор за нашата земја кој, како што се наведува, е во насока на зајакнување на регионалната соработка, што е важен и клучен аргумент за Брисел и ЕУ.

Министерот за надворешни работи на Луксембург му посакал на Џафери успешна работа на Собранието на Република Македонија во понатамошниот период.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште