Зголемување на учеството на лицата со попреченост во политичките процеси и гласањето на претстојните локални избори, но и на идните изборни циклуси без помош или влијание од другите, беше темата на трибината што се одржа денеска во Тетово во организација на невладината Инклузива од Куманово.
Прокетот е подржан од УСАИД, а освен во Тетово вакви активности ќе бидат спроведени и во Скопје, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Битола. Моментално овие лица се соочуваат со големи проблеми како физички непристапни гласачки места, несоодветно информирање за можностите за гласање во домашни услови и слично.
– Меѓу дел од препораките што на наша иницијатива беа усвоени од ДИК е олеснувањето на гласачкото право на лица со оштетен вид преку користење на шаблонот за гласање со Бреево писмо бидејќи на тој начин се заштитува тајноста на овие лица кои досега мораа да гласаат со помош на придружник. Тука е проценка на ДИК за сите гласачки места околу нивната физичка пристапност иако ова не е по градови како што беше нашата препорака, изјави директорката на Инклузива Благица Димитровска.
Во однос на состојбите дека само мал број лица со попреченост поднесуваат официјално барање за гласање во домашни услови Димитровска поосчи дека според нивното истражување спроведено во 2016 година пред вонредните парламентарни избори главна причина за тоа било малата информираност на овие лица и нивните семејства, но и објавувањето на правилата во многу краток рок пред изборите така што дури и дел од лицата што сакале да гласаат дома биле одбиени поради непотполна документација.