ФИФА потврди: Лестер задоцни 14 секунди

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) одлучи да ја отфрли жалбата на Англиската фудбалска федерација (ФА) во врска со трансферот на Адриен Силва од Спортинг Лисабон во Лестер кој изнесуваше 22 милиони фунти.

Потсетување дека, админастрацијата на Лестер не успеа да го регистрира Силва до затворање на летниот преоден рок. „Лисиците“ задоцнија да го завршат трансферот 14 секунди.

ФИФА стриктно ги применува правилата, а Силва не може да се регистрира за Лестер до следниот преоден рок и нема да може да тренира со Лестер до почетокот на 2018 година.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи