Нови оперативни сали на Очната клиника

Од:

Од Универзитетската клиника за очни болести информираат дека се завршени градежните и реконструктивни зафати за реновирање на оперативниот блок и сите хируршки интервенции се вршат во новите оперативни сали.

Станува збор за простор од околу 400 метри квадрати, чие последно реновирање, како што се посочува, било извршено пред речиси 20 години (во 1998 година) и веќе не ги задоволувало стандардите и потребите на Клиниката.

Од Клиниката наведуваат дека бројот на операции неколкукратно е зголемен во изминатите години, на пример во 2007 година биле оперирани по 20 пациенти неделно, додека последнава година, во просек, по 100 пациенти биле оперирани во една недела.

Како резултат на зголемениот број пациентите за операција на катаракта и големата фрекфенција во оперативниот блок, како што истакнуваат од Клиниката, се појавила потреба од проширување на просторот со преадаптација и припојување на досегашната библиотека, во составен дел на оперативниот блок.

Паралелно со овој процес е завршенo и реновирањето на стационарот на Клиниката, кој зафаќа простор од 900 метри квадратни. Во болничките соби се поставени нови прозорци, врати, подови, ѕидовите се молерисани, а донесени се и нови болнички кревети и плакари. Исто така, во меѓувреме се набавени и нови апарати за: фако хирургија на катаракта, за витректомија, за крослинкинг, апарати за стерилизација, за анестезија и други, со кои се овозможија услови за безбедна хирургија и зголемување на бројот на оперирани пациенти, информираат од Клиниката за очни болести.

Би можело да ве интересира

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи