Нов пензиски систем од утре во Словенија

Од:

Реформата на словенечкиот пензиски систем, која стапува во сила од 1 јануари 2013 година, предвидува старосниот минимум за мажите и жените во Словенија кои заминуваат во пензија да биде 65 години или 60 години под услов да го исполниле условот од 40 години работен стаж.

Реформата, со која во 2013 година ќе се заштедат 150 милиони евра, усвоена е едногласно во словенечкиот Парламент на 4 декември.

Според новиот систем, словенечките граѓани мора да одат во пензија со 65 години старост, под услов да имаат најмалку 15 години работен стаж.

Според претходниот закон, жените во Словенија можеа да одат во пензија со 63 години старост или со 58 години под услов да имале 38 години работен стаж, додека мажите имале право да се пензионираат со 65 години, односно со 58 години, доколку исполнувале услов од 40 години работен стаж.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски