Кандидатите на ДУИ за градоначалници на општина Јегуновце и општина Желино, денеска, во присуство на лидерот на ДУИ Али Ахмети, ги претставија нивните програми за локалните избори на 15 октомври.
Кандидатот за градоначалник на општина Јегуновце, Орхан Хамити, истакна дека нивна визија е општина со развиена инфраструктура и економија, професионална администрација, која ќе им служи на граѓаните, изградба на водоводната мрежа и канализација, како и една школска инфраструктура, која ќе ги исполни условите за добар развој на наставниот процес.
– Општината ќе менаџира со градежното земјиште и од трансферт на државното земјиште во приватно ќе бидат обезбедени дополнителни средства за реализација на споменатите проекти, истакна меѓудругото, Хамити.
Кандидатот за градоначалник на Желино, Фатмир Изаири истакна дека негов приротет ако го добије мандатот ќе биде подобрувањето на квалитетот на живеење за сите граѓани.
– Општина со постојан економски развој, сигурен и чист амбиент, подобар живот и локално владеење, при што приоритет ќе биде граѓанинот, рече Изаири, кој додаде дека главна задача за време на идното четригодишно владеење ќе бидат 18 милиони евра инвестиции во оштината.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на собирот во Желино истакна дека за кандидирањето на Изаири за трет мандат се воделе многу отворени разговори.
– Не беше лесно за Фатмир да се кандидира за трет мандат, имаше два навистина напорни мандата. Фатмир ја претвори општина Желино во зона каде се гради, каде се отвараа нови работни места, истакна Ахмети.
Желино, истакна лидерот на ДУИ, има потреба за уште еден мандат на Изаири, за многи започнати работи да бидат завршени.