А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев од Карпош: На овие избори се одлучува дали Македонија ќе се развива и реформира

by А1он03/10/2017 - 23:08161
Share0

Ова не се обични локални избори на кои ќе се гласа само за градоначалник и совет на општината. Македонија е на крстопат, на овие избори одлучуваме дали Македонија продолжува да се развива и реформира во просперитетна, среќна земја, со многу пријатели. Или пак повторно ќе биде сиромашна, изолирана и поделена. Ќе бидеме дел од модерниот свет, интегрирани во НАТО и ЕУ, или пак ќе станеме повторно црна дупка на Балканот, изјави вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев на митингот во Карпош.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Карпош носи револуционерно име, симбол на ослободување на Македонија од поробувачите и окупаторите низ годините и вековите. Убеден сум дека конечно ќе го ослободиме Карпош затоа што победата на Скопје тргнува од Карпош, и убеден сум дека ќе завршиме уште во првиот круг со разлика поголема од 7.000 гласови, тука во Карпош, рече Заев.

Тој истакна дека Скопје ќе се издигне како европски модерен град, што ќе поврзува и ќе обединува, додека нивниот кандидат Стефан Богоев, како што кажа, е новото лице кое му треба на општина Карпош.

– Карпош се изгради како симбол на солидарноста, за што и денес сведочат имињата на градовите на улиците кои го помогнаа Скопје да се издигне од урнатините од земјотресот во 1963. За жал, тој Карпош што некогаш се градеше по план, Карпош во кој скопјани имаа пријатен и мирен живот, денес тоне во урбанистички хаос. Се носат урбанистички планови преку ноќ, насилно се сече зеленилото, се уриваат паркови на сметка на здравјето на карпошани и на нашите деца. Некој сака Карпош да го уништи за пари и за профит. Ве уверувам Карпош на 15 октомври излегува од сенката на верниот поданик на режимот, на Карпош му треба Стефан Богоев, му треба иницијативност, енергија, амбиција, ум за промени, истакна Заев.

Следете a1on на Youtube YouTube

На забелешките во однос на младоста на Богоев, Заев рече дека и тој самиот станал градоначалник на 31 година, а Струмица денеска е модерен град со европски лик.

– Државата ќе им помогне на општините во изградба на нови градинки и реконструкција на постоечките. Општина Карпош директно ќе ја добие мојата поддршка за реконструкција на градинката „Мајски цвет“ и за изградба на нова градинка во Влае, додаде Заев.

Истакна и дека ќе се работи на обезбедување чист и здрав воздух за граѓаните на Карпош и за цело Скопје. – Во Карпош ќе се градат современи, модерни, еко паркинзи на повеќе локации. Паркирањето ќе биде бесплатно. Ново за овој систем на паркинзи е тоа што ќе бидат покриени со зелени површини кои ќе се наводнуваат со систем капка по капка. Зеленилото ќе го разубавува просторот и истовремено ќе го подобрува квалитетот на воздухот. Ова ново зелено катче за граѓаните на Скопје ќе се протега од брегот на Вардар и ќе се надоврзува до рекреативната зона за спорт, рече лидерот на СДСМ.

karposlokalni izborisdsmZaev

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Горан Наумовски08/05/2026 - 12:22

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 14:07

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 11:35

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 11:31

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 11:48

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто