По само еден ден одмор, откако вчера ја комплетираа 20.та рунда, екипите од Премиер лигата ќе одиграат ново коло. На почетокот од 2013 година, на 1 и 2 јануари ќе се одиграат натпреварите од 21.коло.
Двојките за вторник се: Вест Бромвич Албион – Фулам (почеток 13:45 часот), Манчестер Сити – Стоук, Тотенхем – Рединг, Вест Хем – Норвич, Виган – Манчестер Јунајтед, Свонси – Астон Вила (16 часот) и Саутемптон – Арсенал (18:30 часот).
Во среда на 2 јануари на програмата се натпреварите: Челзи – Квинс Парк Ренџерс, Ливерпул – Сандерленд (20:45 часот) и Њукасл – Евертон (21 часот).
Табела: Манчестер Јунајтед 49 бодови, Манчестер Сити 42, Челзи 38, Тотенхем 36, Арсенал 33, Евертон 33, Вест Бромвич Албион 33,…