Градоначалникот на Марибор Франц Канглер денеска и официјално поднесе оставка, како што најави на шести декември, по протестите на граѓаните кои бараа да се повлече од функцијата, обвинувајќи го за наводна вмешаност во корупција.
Неколку илјади жители на Марибор во текот на ноември и на декември протестираа барајќи оставка од Канглер.
Договорот на градските власти со една приватна фирма за поставување на 30 камери за надгледување на сообраќајот во Марибор беше иницијатор на протестите против Канглер во ноември, по што демонстрациите против владејачките политички елити се проширија и на другите словенечки градови.
Граѓаните на Марибор сметаат дека сигурносните камери се средства за собрирање на пари, а не мерка за подобрување на безбедноста во сообраќајот.