Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварот со Италија од квалификациите за СП 2018 година. Ферхан Хасани очекува тежок дуел со „азурите“, но е подготвен за отворена битка и напаѓачки фудбал против фаворитот.
– Не чека тежок натпревар, но нема предавање. Италија е една од најквалитетните селекции во светот, но веќе покажавме дека можеме да се надигруваме и против најсилните. Ќе се обидеме да одиграме добар натпревар, не мислам дека Италијанците се под притисок за директен пласман на СП, наше е да ги исполниме задачите на селекторот и да бидеме офанзивни. Италија има неколку промени во составот, но тие се голема селекција, независно дали ќе игра Белоти или некој друг, изјави Хасани.
Натпреварот Италија – Македонија е закажан за 6 октомври во Торино.