Димитров се сретна со Ламберто Заниер од ОБСЕ

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со Ламберто Заниер, високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, кој присуствуваше на Годишниот состанок на шефовите на теренски оперативни мисии на ОБСЕ во Југоисточна Европа, што годинава се одржува во Скопје.

На средбата, информираат од МНР, министерот Димитров изрази задоволство од долгогодишната соработка меѓу Македонија и ОБСЕ, изразувајќи подготвеност да продолжи во иднина, со фокус на интеграцијата и кохезивноста во македонското општество.

– Шефот на македонската дипломатија информираше за најновите потези на земјата во изминативе месеци и цврстата решеност на Владата да ја искористи шансата за влез и етаблирање на Македонија во семејството на развиените демократии. Во тој контекст ги пренесе и видувањата во поглед на изградбата на поголема кохезија на етничките заедници, како и актуелниот моментум на поврзување преку етничките линии произлезен после политичката криза во Македонија, соопшти МНР.

Заниер, кој неодамна стапи на функцијата висок комесар за човекови права на ОБСЕ, изразил задоволство од изложената визија од македонска страна за понатамошниот развој на државата. Тој ја нагласил личната и подготвеноста на неговиот тим да дадат сесрдна поддршка на напорите на Македонија на патот кон зацврстување и развој на демократските вредности и стандарди.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија