Саша Богдановиќ, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ понуди конкретни решенија за надминување на еден од горливите проблеми во Центар- паркирањето.
„Во наредните четири години, како градоначалник ќе реализирам неколку проекти со кои ќе се надмине проблемот со недостигот на паркинг места.
Општина Центар ќе изгради четири нови гаражи .Гаражата на улицата Народен фронт во Капиштец ќе биде продолжена. Сето ова ќе го реализираме без да уништиме ниту една педа зеленило. Со ова ќе се обезбедат нови 2.000 паркинг места. И нагласувам сето ова ќе го реализираме без да уништиме ниту една педа зеленило.
Ќе изградиме и подземна гаража под новата спортска сала „Работнички“ што ќе го реши проблемот со паркирањето во Градскиот парк.
Со новата Влада ќе ја исправиме и неправдата кон центарци. Претпријатието ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе ги преземе и ќе стопанисува со сите јавни паркиралишта на сервисните и станбените улици во општината“, изјави Богдановиќ.