(ВИДЕО) Иванова: Груевски и Трајановски безобразно истурија два милиони евра пари на граѓаните во дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Додека Скопје се гушеше во загаден воздух, Коце Трајановски и Никола Груевски потрошија два милиони евра пари на граѓаните, за уредување на дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Овој плоштад со површина од 681 метар квадратен ги чинеше граѓаните речиси 3 илјади евра по метар квадратен!

Додека половина Скопје има проблеми со водоснабдување, Трајановски и Груевски си изградија, партиска фонтана со партиски симбол, а и партиска тераса – дивоградба, која што Трајановски ја легализираше како „урбана опрема“. Воопшто не ги прашаа граѓаните за изгледот на плоштадот, туку го партизираа и приватизираа името, ликот и содржините на „плоштадот ВМРО“.

Дополнително, двоецот Трајановски – Груевски потроши уште неколку милиони евра за нови фасади за зградите околу барокниот дворец на најбогатата партија во Европа.

„Плоштадот ВМРО“ е симбол на ненаменско и криминално трошење на парите на граѓаните за партиски луксуз, наместо за реалните потреби на граѓаните на Скопје.

Глас за Коце Трајановски е глас за расипништвото на Никола Груевски. Затоа, на 15ти октомври граѓаните ставаат крај на криминалното, самоволно и расипничко однесување на Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ. Новата градска администрација ќе работи одговорно, а ќе следува и темелна ревизија за досегашното работење на градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори