(ВИДЕО) Богоев: Во Карпош е чиста работата, прашање е само разликата!

Од:

„Фокусирани сме на решенијата кои ќе ги спроведуваме од 16-ти октомври, рече Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош, на средбата со граѓаните од Влае.

Граѓаните се револтирани од нереализираните ветувања на Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ.

Нема да им помине обидот, пред избори, да стават слој асфалт на ул. „Франце Прешерн” за да ја добијат нашата доверба, посочи еден од присутните граѓани на средбата.

Богоев се осврна на конкретните проекти за оваа урбана заедница, како што се: реконструкција и доградба на градинката во Влае 1, промена на покривите на т.н. “мавровски” згради, доделување на општинските простории од мостот “Влајко” на користење на пензионерски клубови и младински организации.

Исто така, ќе спроведеме и целосна ревизија на финансиското работење и начинот на кој се трошеле парите на граѓаните.

Богоев ги повика присутните да го поддржат и кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и носителката на Советничката листа, Билјана Секуловска – Габер.

Само заедно може системски да пристапиме кон решавање на проблемите.

Карпош ќе има значајна поддршка од градската и централната власт, за реализација на гасификацијата во општината, намалување на загадувањето на воздухот, полесен пристап до руралните делови и нивна планска урбанизација“, изјави Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош, на средбата со граѓаните од Влае.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје