Фудбалскиот клуб Барселона најави дека утре ќе се приклучи на генералниот штрајк „Маса за демократијата“ во Каталонија и дека ќе ги затвори вратите на сите спортски секции.
Играчите од првиот и младите тимови на Барселона ќе останат дома и нема да се појават на тренинг.
Штрајкот е закажан по референдумот за независност на Каталонија, кој резултираше со хаос и насилство низ улиците, поради акцијата на полицијата да го спречи истиот.
Претседателот на клубот Баромеу изјави дека насилствата низ улиците ги растажиле сите во тимот, а Пике кажа дека натпреварот помеѓу Барселона и Лас Палмас му бил најлошото искуство во кариерата.