Коцевски: Здрава животна средина и чиста вода за пиење се нашиот приоритет

Од:

Изградба на системи за водоснабдување во сите населени места каде што нема, пред се во селата Горно Оризари, Бузалково и Клуковец, изградба на колекторски системи и пречистителна станица за прифаќање фекални отпадни води во индустријата и домаќинствата, како и изградба на регионална фабрика за третман на цврстиот комунален отпад со претоварна станица во Велес, најави денеска кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ Аце Коцевски.

Презентирајќи ја предизборната програма, Коцевски рече дека негов приоритет ќе бидат здравата животна средина и чистата вода за пиење.

– За жал, Велес никогаш не бил по нечист и по неуреден од сега. Насекаде низ градот, преполни контејнери и ѓубре расфрлано од животните на сите страни, безброј кучиња – скитници по улиците. Затоа здравата животна средина и обезбедувањето чиста и здрава вода за пиење се нашиот врвен приоритет, нагласи Коцевски.

Тој предвидува и замена на сите азбест-цементни цевки од градската водоводна мрежа и азбестцементни кровови од јавните објекти во Велес, а со проектот на гасификација, намалување на издувните гасови.

– Планираме и бројни активности, меѓу кои и зафати за подобрување на состојбите со зеленилото, напомена кандидатот за градоначалник Аце Коцевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Гори цела Македонија, Владата нема контрола врз пожарите

(ВИДЕО) СДСМ бара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите

СДСМ: Морбидни обвинувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

СДСМ: Инфлацијата беснее, животот е сè поскап, а Мицкоски продава шарени економски лаги

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС се обидува да дефокусира од својата внатрешна криза со подметнување на пожари?