(ВИДЕО) Заев од Крива Паланка: Градиме перспективи за идните генерации

Од:

Во изминатите три и пол месеци покажавме дека Македонија може да има перспективи и пријатели. За три месеци создадовме пријателство со Бугарија која е веќе поддржувач и сојузник на Македонија, ја подобривме соработката и со Србија и градиме добри односи со Грција. Градејќи пријателства кои ги поздравува целиот свет, градиме перспективи за идните генерации, порача вечерва од Крива Паланка лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– За три и пол месеци успеавме да го стабилизираме Буџетот, обезбедивме пари и донесовме мерки кои штедат во домашните и семејни буџети, враќаат пари кај граѓаните. Ветувам поддршка за зајакнување на здравствените домови во Крива Паланка, градинките, училиштата и центрите за социјални работи, како и поддршка за капитални инвестиции во оваа општина. Ќе го поддржиме проектот за гасификација на Крива Паланка којшто ќе ги преполови трошоците на компаниите и домаќинствата, поддршка за изградба на подземна сообраќајница во централното подрачје со која ќе се овозможи подобра сообраќајна комуникација и градот ќе дише, истакна Заев.

Порача дека доаѓа време на перспективи пред се за младите со отворање на повеќе работни места и повисоки плати со цел тие да се задржат во сопствениот град.

Пред граѓаните се обрати и кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој рече дека приоритетните проекти коишто ќе ги реализира се од областа на инфраструктурата.

– Ќе изградиме инфраструктура за сите – патна, гасоводна, водоводна, канализациона. Ќе ја гасифицираме Крива Паланка. Имам ново архитектонско решение за уредување на Градскиот парк, ќе изградиме нови тротоари на главната улица кај Здравствениот дом и нови патни правци за поврзување на Крива Паланка, Коридорот 8 и железницата за Крива Паланка да биде влезна и излезна порта со европските држави, рече Мицевски.

На митингот се обрати и носителот на советничката листа Изабела Павловска, која побара поддршка за живот во општината за сите.

Претходно, лидерот на СДСМ оствари средби и со жителите на општина Ранковце.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи