Габриела-Илиевска: Проблемот со бездомните животни ќе го решаваме поинаку

Од:

Независната листа на кандидати за советници на општина Битола, предводени од носителот на листата Габриела-Илиевска, денеска во Битола одржа јавна дебата на тема: „Бездомни животни и домашни миленици“.

Покрај кандидатите од независната листа за советници, во дебатата со свои размислувања се вклучија претставници на повеќе здруженија за заштита на животните и животната средина и други граѓани на Битола.

– Ниту битолската локална самоуправа, ниту, пак, која било политичка партија досега не го актуализирала проблемот со бездомните животни. Во овој момент има пет клучни проблеми поврзани со ова прашање, односно непостоење стационар за бездомни животни, потреба од кастрирање и стерилизирање на бездомните животни, појава на масовно труење на бездомните животни, злоупотреба и физичко малтретирање на животните и обезбедување парк за домашни миленичиња, посочи Илиевска.

На дебатата кандидатите за советници од независната советничка листа „Поинаку“ истакнаа дека најголемиот дел од констатираните проблеми биле детектирани и од нивна страна и дека се во нивната изборна програма.

– Во соработка со граѓаните и здруженијата за заштита на животните, проблемот со бездомните животни ќе го решаваме на институционален начин. Дека не станува збор за предизборни ветувања, покажува тоа што поголемиот дел од проблемите кои денес ги констатиравме заедно со граѓаните и граѓанските здруженија, веќе се содржани во нашата Програма“, истакна Илиевска.

На денешната дебата беше договорено интензивирање на соработката со битолските здруженија за заштита на животните во насока на евентуалното дефинирање нови проблеми и нивно имплементирање во приоритетите кои идните советници во новиот состав на Советот на општина Битола.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ