(ВИДЕО) Марин: Ќе ја санираме водоводната мрежа и ќе нема прекин на вода

Од:

„Денес,во посета на општина Аеродром беше кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов. Посетивме неколку населени места каде разговаравме за проектите што се во мојата програма и во програмата на Град Скопје.
Како капитален проект што ќе го започнеме во 2018 година е гасификацијата на општина Аеродром и Град Скопје.

Во соработка со Централната власт и Градот Скопје ќе пристапиме најпрво со приклучување на гасоводната мрежа до јавните објекти, а потоа со индивидуалните и колективните домувања. Со тоа ќе се заштедат средства како и ќе се зачува животната средина.

Булевар Февруарски поход и булевар АСНОМ ќе добијат нови пробивања, со што побрзо ќе се стигне до соседните општини.

Ќе имаме современи велосипедски патеки каде што протокот на луѓе и велосипеди ќе биде олеснет.

Трето е водоводната мрежа. Како што знаете тоа е рак рана во општина Аеродром. Високите зони секој петти ден немаат вода што заради преоптеретеност што поради дефекти.

Заедно во соработка со Градот Скопје ќе ја санираме водоводната мрежа и ќе нема прекин на вода“, изјави Златко Марин, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски